Раководството на Арсенал ја одбило понудата од 35 милиони евра од Ал-Итихад за Леандро Тросар. Претходно, медиумите на Островот информираа дека саудискиот клуб доставил понуда, а на „Емирати“ сериозно ја разгледуваат.
Тросар пристигна кај лондончани во јануари 2023 година за 24 милиони евра од Брајтон, а од почетокот на сезоната настапи на сите три натпревари на тимот и постигна еден гол.
Крилниот напаѓач генерално важи за еден од клучните играчи во тимот на Микел Артета, но медиумите на Островот ја доведоа во прашање неговата доверба по потпишувањето на Рахим Стерлинг пред неколку дена.
Сепак, Арсенал ја одби понудата на Ал-Итихад.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













