Играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Дани Себаљос, има повреда за која ќе треба да се лекува од шест до осум недели, објави „АС“. Станува збор за истегнување на лигаментите на скочниот зглоб на десната нога од трет степен, објави медицинскиот тим на „кралевите“.
Себаљос се повреди за време на неделниот натпревар од Ла Лига против Бетис, на кој беше стартер. Шпанецот беше заменет во 65. минута, но кога го напушти теренот, не се чинеше дека има проблеми.
Ова е уште еден повреден играч од средниот ред на Реал по Џуд Белингам и Едуардо Камавинга. Токму отсуството на Англичанецот и Французинот му даде шанса на Себаљос да игра повеќе. Поради оваа причина на претходните натпревари стартуваа и Арда Ѓулер, Брахим Дијаз и Лука Модриќ.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













