Кит го го направи најголемото изненадување во 13. коло во Втората лига Исток. Успеа да го совлада Тиквеш на гости со 1-4 и го сопре победничкиот чекор на кавадаречкиот состав.
Со мудра игра, цврста и организирана одбрана, подвижен среден ред, гостите од Пехчево успеаја да го наутрализираат домаќинот. Еден од најзабележителните играчи во тимот на Кит Го беше дарко Алексовски.
Борбен и бескомпромисен, одличен организатор, но и закана кон противничкиот гол. Успеа да постигне и погодок и да ја заокружи на најдобар начин одличната игра. Заслужи да биде МАКФУДБАЛ – ИГРАЧ на 13.коло во вторите лиги во изборот на МАКФУДБАЛ.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski