
Давид Нерес пред неколку дена дојде во Неапол и веќе ја почуѕствува суривоста на италијанскиот југ. Тој синоќа во 96. минута ја запиша својата втора асистенција за победа на Наполи од 2-1 против Парма.
Беше тоа „луд пресврт“ на Наполи кој до 92. минута губеше со 1-0.
Сепак, по натпреварот Нерес доживеал шокантна ситуација.
Фудбалерот беше во комби кое го возеше него и сопруга до хотелот, кога неколку криминалци го скршија стаклото на минибусот, вперија пиштол во него и му наредија да им го предаде часовникот што го носеше.
Сопругата на Инстаграм ја објасни целата ситуација. Шокираниот Бразилец веднаш го предал часовникот, а двајцата ограбувачи избегале на мотоцикл. Нерес го пријавил грабежот во полиција, која го придружи до хотелот каде го чекаа навивачите, не знаејќи што се случило, и бараа автограми од него.
По неколку минути, преку објава на Инстаграм, сопругата на Нерес им се извини на фановите.
„Давид би сакал да им се извини на навивачите кои го чекаа надвор. Кога по натпреварот се обидовме да го напуштиме стадионот, двајца мажи на мотоцикл го уништија неговото возило и го ограбија под закана со оружје“, објави таа.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Енис Барди стрелец за Коњаспор во првенството на Турција (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Волтемаде донесе триумф за Њукасл (ВИДЕО)

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)
