Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, ја изрази својата верба во поддршката од навивачите за претстојниот дуел против Бетис, посочувајќи дека екипата е мотивирана да покаже најдобра игра по разочарувачкото реми со Лас Палмас (1-1). Иако во тимот сите се свесни дека има одредени проблеми, тренерот е уверен дека тие ќе бидат решени преку работа и заеднички напори.
„Верувам дека навивачите ќе нѐ носат до победа на дуелот со Бетис. Нема да биде лесно, но верувам дека ќе одговориме на вистински начин по ремито против Лас Палмас“, изјави Анчелоти.
Тој вели дека многу повеќе е посветен на подобрувањето на аспектите во играта на тимот, отколку на предноста што ја има Барселона на почетокот на сезоната во Ла Лига.
„Не сме задоволни од стартот, тоа не треба ни воопшто да го објаснувам, но не сум многу загрижен поради негативата во однос на Барселона. Многу повеќе ме загрижува играта на мојот тим“, истакна Анчелоти.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













