Шкендија доведе уште едно засилување. Нов фудбалер на тетовскиот тим е крилниот напаѓач Лиридон Латифи. Тој потпиша договор за 1 + 1 година.
Со ангажманот на Латифи, Шкендија ќе ја зголеми конкуренција и квалитет во офанзивната линија,
„Чест ми е што сум дел од Шкендија. Целата моја кариера беше насочена кон станување шампион, нешто што секогаш се бара и од Шкендија. Тука има многу добар состав на играчи, многу квалитет, и се надевам дека, како дополнителна сила, ќе можам да помогнам Шкендија да стане шампион“, изјави Латифи по официјализирањето на трансферот во Шкендија.
Латифи има играно за Фламуртари и Приштина во Косово, Скендербег и Кукс во Албанија, пред да прејде во Пушкаш Академија во Унгарија и Шериф Тираспол во Молдавија.
По враќањето во албанскиот фудбал преку Влазнија, минатата сезона Латифи беше активен со Тирана.
												
																					- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal 
- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal 
																					Прва лига
Арсими со убедлив триумф против Башкими
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							












