Арсенал се откажал од идејата да го доведе во своите редови напаѓачот на Спортинг Лисабон, Виктор Ѓокереш. „Топчиите“ бараат нов играч за нападот, а Швеѓанецот беше меѓу посакуваните фудбалери од Микел Артета, но изгледа дека нема да има договор, бидејќи причината е високата цена на играчот.
„Постојано се зборува за интерес кон Ѓокереш, но проблемот е неговата цена, која е премногу висока. Во овој момент би било многу нетипично за Арсенал да потроши 80-100 милиони евра во последните часови од трансферниот прозорец“, пишуваат медиумите од Островот.
26-годишниот напаѓач имаше впечатлива сезона за „орлите“ од Лисабон, постигнувајќи 43 гола и забележувајќи 15 асистенции во 50 натпревари. Сепак, тој има клаузула за откупување во вредност од 100 милиони евра.
Спортинг Лисабон не е подготвен да го пушти за помала сума, што речиси сигурно ќе значи дека тој останува на „Жозе Алваладе“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













