
Кристијано Роналдо ја доби наградата за најдобар стрелец на сите времиња во Лигата на шампионите, која му беше врачена лично од претседателот на УЕФА, Александер Чеферин. 39-годишниот Португалец постигнал 140 гола во 183 натпревари со екипите на Спортинг Лисабон, Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид и Јувентус.
„Задоволство ми е што сум тука. Ви благодарам за оваа награда, таа многу ми значи. Лигата на шампионите е најголемиот турнир. Рекордите сами зборуваат, но за мене беше огромно задоволство да играм во Лигата на шампионите. Кога ја слушаш музиката, се „палиш“, тоа е многу посебно чувство. Ја освоив многу пати и постигнав многу голови. Фантастично е што сум тука. Имам одлични спомени. Најголемите мои спомени се поврзани со овој турнир. Никогаш не се знае, можеби ќе се вратам повторно. Ќе видиме што ќе се случи во иднина,“ рече Роналдо на церемонијата.
„Лигата на шампионите и головите се како кечап – кога ќе ги отвориш, тие доаѓаат“, што предизвика смеа и аплаузи од публиката.
Роналдо истакна дека му е тешко да избере омилен гол од финалните натпревари во кои учествувал, но првиот трофеј со Манчестер Јунајтед му бил многу посебен, иако промашил пенал. Со Реал Мадрид, каде што освои четири трофеи, посебно се сеќава на победата во 2014 година пред многу португалски фанови во Лисабон, после долгогодишно чекање од 2008 година.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Арсенал избегна пораз на „Енфилд“ (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Роналдо пред разделба со Ал-Наср?

Евро-фудбал
Чаби Алонсо има две желби за новиот Реал

Евро-фудбал
Рома остана без капитенот до крајот на сезоната

Евро-фудбал
Сорлот влезе во историјата на Ла Лига (ВИДЕО)
