После откажувањето на Душан Влаховиќ, повредите на Александар Митровиќ и Сергеј Милинковиќ-Савиќ претставуваат нов голем удар за фудбалската репрезентација на Србија, која се подготвува за натпреварите во Лигата на нации против Шпанија и Данска.
Двајцата играчи се повредиле за време на натпреварот на Ал-Хилал против Дамак, и поради тоа нема да можат да се придружат на националниот тим.
Оваа ситуација дополнително го усложнува изборот на селекторот Драган Стојковиќ, особено со оглед на тоа што и други клучни играчи, како што се Душан Тадиќ, Вања Милинковиќ-Савиќ и Филип Костиќ, нема да бидат дел од тимот.
Ова дополнително ги подгрева шпекулациите дека главните играчи го бојкотираат Драган Стојкович Пикси.
Србија ги започнува своите натпревари во Лигата на нации на 5 септември против Шпанија на стадионот „Рајко Митиќ“, а три дена подоцна ќе гостува во Данска на стадионот „Паркен“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













