Јувентус постигна договор со Манчестер Јунајтед за ангажман на крилниот играч Џејдон Санчо, објавуваат италијанските медиуми.
Договорот меѓу двата клуба е за почетна позајмица со задолжителна опција за откуп на 24-годишниот играч, кој исто така дал согласност за ваква позајмица. Сепак, финансиските детали од спогодбата сè уште не се познати.
Како што е познато, и Челси преговараше со „црвените ѓаволи“ за ангажман на Англичанецот.
За Санчо ова ќе биде втора позајмица откако е на „Олд Трафорд“, по неговата позајмица во поранешниот клуб Борусија Дортмунд оваа пролет.
За тимот на Манчестер Јунајтед, тој одигра вкупно 83 натпревари со 12 гола и шест асистенции.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













