
Уругвајскиот репрезентативец Дарвин Нуњез доби суспензија од пет натпревари поради голената тепачка што се случи по завршувањето на полуфиналниот натпревар на Копа Америка, кога дел од уругвајските фудбалери се качија на трибината и влегоа во физичка пресметка со колумбиски навивачи.
Дарвин Нуњез е санкциониран со пет меча суспензија за наредните настапи на националниот тим, Родриго Бентанкур ќе мора да пауриза на четири меча, а со три натпревари неиграње се казнети Оливера, Араухо, Касерес и Хименез.
Фудбалската федерација на Уругвај ќе мора да плати и парична казна од 97.000 долари за недостојното однесувањето на фудбалските репрезентативци.
Уругвајците сакаа да си ги заштитат најблиските, но КОНМЕБОЛ сепак изрече сериозни казни.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Тер Штеген ја одби понудата на Монако

Евро-фудбал
Се појави надеж за Лион

Евро-фудбал
Давид Алаба повторно се повреди
