Брегалница ремизираше против Тиквеш (1-1) во дербито на колото во Втората лига – Исток. Младинскиот репрезентативец Кристијан Ацковски вели дека штипскиот тим заслужил победа и дека затаила реализацијата на шансите.
„Мислам дека одигравме квалитетен дерби натпревар на кој заслуживме да дојдеме до победата. И покрај тоа што сме лидери на табелата, отворено се впуштивме во пресметката со Тиквеш. Имавме многу повеќе шанси од противникот, посебно и во второто полувреме кога создадовме четири-пет можности но за жал затаи реализацијата. Во секој случај продолжуваме максимално фокусирано на секој натпревар до крајот на полусезоната“, изјави Кристијан Ацковски.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













