
Кристијано Роналдо ќе добие награда од УЕФА за најдобар стрелец во историјата на Лигата на шампионите. Од европската фудбалска организација објавија дека ќе ја наградат португалската ѕвезда за тоа што е рекордер по постигнати голови во најпрестижниот клупски турнир. Роналдо има 140 гола во 183 натпревари во ЛШ со дресовите на Спортинг, Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид и Јувентус.
Кристијано ќе ја добие наградата во четврток во Монако за време на церемонијата за ждрепката за Лигата на шампионите, која ќе биде во нов формат – лига со учество на 36 екипи.
„Кристијано Роналдо е една од најголемите ѕвезди во соѕвездието на Лигата на шампионите“, изјави претседателот на УЕФА, Александер Чеферин. „Неговите неверојатни голови во турнирот ќе го издржат тестот на времето и ќе остават голем предизвик за идните генерации да го достигнат“, додаде тој.
Роналдо дебитираше во Лигата на шампионите со дресот на Спортинг во 2002 година во натпревар од квалификациите. Првиот натпревар во групната фаза во кој учествуваше беше под водство на Алекс Фергусон во октомври 2003 година. Неговиот прв гол дојде четири години подоцна. Тој се запиша во реваншот од четвртфиналето против Рома во април 2007 година.
Кристијано го освои турнирот петпати. Португалецот првпат ја подигна титулата со Манчестер Јунајтед во 2008 година, а потоа четирипати со Реал Мадрид во 2014, 2016, 2017 и 2018 година.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија У18 подобра од Индонезија

Интернационалци
Енис Барди стрелец за Коњаспор во првенството на Турција (ВИДЕО)

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)
