Арсенал го ангажираше Микел Мерино од Реал Сосиедад. Лондончани ќе платат 32,5 милиони евра, плус 5 милиони во бонуси за 28-годишниот шпански репрезентативец. Мерино потпиша четиригодишен договор со новиот клуб, со опција за продолжување на договорот за уште една година.
„Микел е играч кој носи огромен квалитет со своето искуство и разновидност. Веќе години игра на највисоко клубско и меѓународно ниво. Тој значително ќе го зајакне нашиот состав. Сите видовме ова лето дека Микел е победник со своите силни настапи на Европското првенство“, коментира Микел Артета.
Претходно во текот на денот, Арсенал привремено се раздели со Фабио Виеира. Играчот за врска се пресели во Порто на позајмица за една сезона. 24-годишниот офанзивен играч за врска е продукт на младинската школа на португалскиот клуб, каде што играше од 2019 до 2022 година. Тој одигра 76 натпревари и постигна 10 голови пред да се пресели во Арсенал.
Ready to achieve big things – together ❤️
— Arsenal (@Arsenal) August 27, 2024
Welcome to The Arsenal, Mikel Merino 🇪🇸 pic.twitter.com/WhbHXMaV1p
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski