Connect with us

Ливерпул се вклучи во трката за Киеза

Ливерпул се вклучува во битката за Федерико Киеза. Раководството на Ливерпул ги истражува условите под кои евентуално би можела да се реализира акцијата за ангажман на италијанскиот репрезентативеџ.

Новиот тренер на Јувентус, Тијаго Мота, се откажа од услугите на Киеза веднаш по неговото доаѓање во тимот, што автоматски го направи напаѓачот достапен на трансфер пазарот. Првично се сметаше дека од „Алијанц Стадиум“ бараат околу 25 милиони евра за неговите услуги, бидејќи тој има само уште една година од договорот.

Со текот на времето, оваа сума дури и беше намалена според различни медиуми, а денес се појави информација дека Барселона понудила само 12 милиони евра за правата на италијанскиот репрезентативец.

До овој момент, Ливерпул добро ја започна актуелната сезона, остварувајќи две победи во Премиер – лигата. Досега клубот од „Енфилд“ не ангажираше ниту еден нов фудбалер ова лето, но се надеваат дека во наредните денови ќе биде објавен договорот за голманот Ѓорѓи Мамардашвили од Валенсија, кој сепак ќе се приклучи дури идното лето.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови