
Манчестер Сити го врати Илкај Гундоган и доби уште еден квалитетен фудбалер за ротација во средниот ред, но Пеп Гвардиола посакува и уште еден напаѓач, кој треба да биде замена за Ерлинг Халанд. По заминувањето на Хулијан Алварез, сега има празнина во тој дел од тимот.
Според медиумите на Островот, англискиот првак до крајот на трансферниот рок би можел да го ангажира 19-годишниот напаѓач на данскиот Копенхаген, Ори Оскарсон, кој физички и со својата игра доста потсетува на Ерлинг Халанд.
Пеп Гвардиола го гледа Оскарсон како идеална замена за Ерлинг Халанд. Ниту цената не е висока, бидејќи данскиот тим е подготвен да го продаде за 20 милиони евра.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Тер Штеген ја одби понудата на Монако

Евро-фудбал
Се појави надеж за Лион
