
Искусниот колумбиски фудбалер Хуан Квадрадо (36) е нов член на Аталанта. Тој успешно ги помина лекарските прегледи во Бергамо и како слободен играч потпиша договор до крајот на сезоната со актуелниот победник на Лигата на Европа.
Квадрадо би можел да биде одлично решение за тренерот Џанпјеро Гасперини како десен бек во формација со тројца во одбраната, што ја преферира италијанскиот стратег. Неговите конкуренти ќе бидат Беланова и Запакоста.
Сепак, поради неговите одлични брзински способности, не би требало да изненади доколку Квадрадо го видиме и како еден од двајцата играчи кои ќе играат зад шпицот.
Квадрадо, како играч на Интер, доживеа повреда на Ахиловата тетива, поради која беше опериран во декември, па паузираше до април. Неговиот договор со италијанскиот првак истече на 30 јуни, а Аталанта го искористи тоа за да го доведе без отштета.
Колумбиецот се прослави во Италија играјќи за Јувентус, а исто така настапуваше за Удинезе, Лече и за Фиорентина. Две години носеше дрес на англискиот премиерлигаш Челси.
За репрезентацијата на Колумбија одигра 116 натпревари и постигна 11 голови.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија У18 подобра од Индонезија

Интернационалци
Енис Барди стрелец за Коњаспор во првенството на Турција (ВИДЕО)

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)
