
Тренерот на Џирона, Мичел, изјави дека неговите фудбалери треба да заборават сè што беше добро во минатата сезона во Ла Лига и да започнат од нула во тековната, откако поразот од 3-0 против Атлетико Мадрид ги остави речиси на дното на табелата.
По обезбедувањето на најдобриот пласман во Ла Лига со третата позиција и место во Лигата на шампионите за првпат во историјата на клубот, Џирона не започна добро во новата сезона, играјќи нерешено со Бетис во првиот натпревар, пред да загуби со 3-0 од Атлетико.
„Ова е едно од предизвиците што ги имам како тренер, да ја извлечам најдобрата верзија од секој играч, почнувајќи од нула. Никој не треба да мисли дека нашата цел повторно е да завршиме на третото место“, изјави Мичел.
„Секогаш ќе нè споредуваат со претходната сезона, но нам ни е јасно дека сме тим кој треба да работи со скромност. Треба да продолжиме да се подобруваме, бидејќи сакаме да бидеме подобри од минатата година. Ќе се обидеме, но секогаш треба да останеме цврсто на земјата“, додаде тој.
И покрај поразот, Шпанецот забележа некои позитивни моменти од играта против Атлетико.
„Не обрнувам многу внимание на овој резултат, но треба да бидеме побрзи и поагресивни со и без топка. Во одбраната и во одредени ситуации се справивме добро“, коментира Мичел.
На синоќешниот натпревар своето официјално деби за Џирона го имаше македонскиот репрезентативец Бојан Миовски.
Џирона ќе ја бара првата победа во Ла Лига за сезоната во четврток, кога ќе ја пречека Осасуна.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија У18 подобра од Индонезија

Интернационалци
Енис Барди стрелец за Коњаспор во првенството на Турција (ВИДЕО)

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)
