Поранешната ѕвезда на Барселона, Нејмар, сам се понудил на челниците на клубот да се врати во составот на каталонскиот гигант. Клубот продолжува да бара уште еден офанзивец, откако трансферот на Нико Вилијамс од Атлетик Билбао пропадна.
Рафаел Леао и Луис Дијас беа поврзувани со Барса, но и двајцата се прескапи за моментната финансиска состојба во која се наоѓа клубот.
Нејмар, кој штотуку се опорави од тешка повреда на коленото, ги понудил своите услуги. Идејата му се допаднала на претседателот Жоан Лапорта, но тренерот на тимот Ханси Флик категорично се изјаснил против оваа опција.
Германецот ја дал својата согласност да биде ангажиран Федерико Киеза, кој во моментов изгледа како најдостапната опција за Барселона.
Договорот на Нејмар со Ал-Ахли истекува следното лето. Откако ја напушти Барселона во 2017 година, Бразилецот неколкупати беше поврзуван со враќање на „Камп Ноу“, но до такво нешто досега не дојде.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













