
Тренерот на Наполи, Антонио Конте, високо го оцени настапот на својот тим во победата против Болоња со 300. Ова беше првата победа на “партенопеите” под негово водство во Серија А.
„Ми се допадна амбицијата на тимот против еден многу организиран противник, кој ќе игра во Лигата на шампионите. Оваа победа треба да ни донесе самодоверба и да ни покаже дека сме способни да постигнеме големи работи ако сме обединети. Победата е важна и заради навивачите, бидејќи нивната поддршка е од фундаментално значење“, изјави Конте.
Тој исто така нагласи дека е задоволен што тимот не примил гол, особено по катастрофалното второ полувреме против Верона. Конте истакна дека тимот морал да осознае дека не може да живее во минатото и дека оваа победа е клучна за одржување на позитивната енергија.
„Имам голема доверба во овие момци, и тие направија сè за да останат тука. Тренираат напорно, но против Верона не личеа на себеси. Ова е мојата прва победа во Неапол и сакам да ја задржиме оваа позитивна енергија“, додаде Конте.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Тер Штеген ја одби понудата на Монако

Евро-фудбал
Се појави надеж за Лион

Евро-фудбал
Давид Алаба повторно се повреди
