
Пред крајот од преодниот рок ќе се случи спектакуларна размена на релација Лондон – Манчестер. Медиумите на Островот најавуваат дека Челси сака да се засили со Џејдон Санчо.
„Скај Спортс“ открива дека Челзи е подготвен да понуди двајца играчи кои не се во плановите на Енцо Мареска, а во замена да го добие Санчо. Тоа се Рахим Стерлинг и Бен Чилвел.
Засега нема одговор од Манчестер јунајтед дали ќе ја прифати понудата од „Стемфорд бриџ“. Раководството на Црвените ѓаволи ја одби понудата од Јувентус за позајмица со право на откуп, затоа што сакаат да го продадат Џејдон Санчо ова лето.
Санчо вертојатно исто така сака да замине и впечаток е дека со задоволство би се преселил во Челси, бидејќи би останал во Премиер – лигата.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Тер Штеген ја одби понудата на Монако

Евро-фудбал
Се појави надеж за Лион
