Челси продолжува со својата стратегија на привлекување млади и перспективни играчи ова лето, но можно е да направат изненадувачки потег во последните денови од трансферниот прозорец. Според медиумите на Островот, клубот покажува интерес за доведување на Доминик Калверт-Луин од Евертон како поевтина опција за засилување на нападот.
Преговорите за Виктор Осимен се покажаа како премногу скапа опција, па лондонскиот клуб многу веројатно дека ќе се отккаже од намерата за ангажман на Нигериецот од Наполи.
Челси се надева дека Калверт-Луин ќе го подобри нивото во завршницата на тимот, иако постојат грижи за неговите честите повреди. Потенцијалната сума за негов трансфер би можела да биде околу 25 милиони евра, што е многу помалку од ангажманот на Виктор Осимен.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













