
Милан Шкриниар од Пари Сен Жермен е дефанзивната цел на Јувентус ова лето, тврдат француските медиуми. Словачкиот репрезентативец не е дел од плановите на тренерот Луис Енрике за тимот на францускиот шампион.
„Ле Паризиен“ известува дека Јувентус внимателно ја следи ситуацијата околу 29-годишниот дефанзивец. Шкриниар има важечки договор со Пари Сен Жермен до летото 2028 година.
Покрај Јувентус, интерес за Шкриниар покажале и клубови од Турција, но и германскиот гигант Баерн Минхен.
Дефанзивецот, кој учествуваше на ЕВРО 2024 ова лето, има значително искуство во италијанскиот фудбал, играјќи за Сампдорија и за Интер во текот на седум сезони пред да прејде во Пари Сен Жермен во 2023 година.
Баерн Минхен исто така го следи развојот на ситуацијата со словачкиот репрезентативец.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski