
Дефанзивецот на Барселона, Клемен Ленгле, ќе игра на позајмица до крајот на сезоната во Атлетико Мадрид. Двата клуба веќе ги договорија деталите за зделката, и таа се очекува да биде официјално објавена откако играчот ќе ги помине задолжителните медицински прегледи.
За да се реализира оваа зделка, 29-годишниот Французин прво го продолжил договорот со Барселона до 2027 година. Тој ќе замине во Атлетико на директна позајмица, без опција за откуп, а „јорганџиите“ ќе ја покријат поголемиот дел од неговата плата.
Оваа зделка е важна за Барселона, бидејќи клубот ќе ослободи средства и ќе може да го балансира буџетот и да ги регистрира новите засилувања.
Ленгле пристигна на „Камп Ноу“ во 2018 година од Севилја, но не успеа да се наметне во тимот. Во последните години беше испраќан на позајмици во Тотенхем и во Астон Вила, но двата клуба не ја искористија опцијата да ги откупат неговите права, и тој остана сопственост на каталонскиот клуб.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Тер Штеген ја одби понудата на Монако

Евро-фудбал
Се појави надеж за Лион
