Македонскиот прволигаш Шкупи откако промени неколку тренери во изминатите две години, сега се сврте кон сопствениот кадар. Нов шеф на стручниот штаб на Шкупи е Матија Мирков, а ќе му помагаат Бобан Бабунски и Минас Османи.
Матија Мирков во последните неколку години, уште од ерата на Гоце Седлоски и освоените титули, беше тренер на голманите во Шкупи. Сега добива шанса да биде шеф на стручниот штаб.
Минас Османи исто така беше распределуван на неколку позиции во клубот, а сега ќе биде асистент во стручниот штаб на Мирков, заедно со поискусниот Бобан Бабунски. Поранешниот селектор на селекцијата до 21 година, последен пат беше на клупата на Победа и на Пелистер, а претходно и во Вардар и Работнички.
												
																					- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal 
- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal 
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							












