Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски ја имаше првата прес – конференција како нов член на Џирона. Претставен е како квалитетен напаѓач и македонски репрезентативец од кого се очекува многу во тековната сезона.
„Ова е одлична шанса за мене, дојдов во навистина голем клуб, во една од најдобрите лиги во светот и ќе играм со Џирона во Лигата на шампионите. За ова секој фудбалер тренира од мали нозе, се надева дека еден ден ќе ги исполни своите соништа. Се запознав со соиграчите, се приклучив на тренинзите, имаме одличен тренер со кого имав неколку разговори и подготвен сум да дадам сѐ од себе за да ги исполниме целите на клубот. Се надевам дека добро ќе ја вршам мојата работа, а тоа е да постигнувам голови“, изјави Бојан Миовски.
Roda de Premsa de presentació de BOJAN MIOVSKI, nou jugador del GIRONA FC https://t.co/UUFzZTBOwC
— Girona FC (@GironaFC) August 21, 2024
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski