
Скопје е есенски првак во Втората лига Запад иако денеска ремизираше без голови на гостувањето кај Велешта. Гостивар и Охрид остварија победи за крај на полусезоната.
Тимот на Љупчо Марковски заслужено оди на зимски одмор со завидна предност пред конкурентите иако денеска не успеа да победи на тешкото гостување кај Велешта.
Гостивар со 1-0 го совлада Велазерими со голот на Арменд Даути во 37.минута од дуелот. Охрид Лихнидос со 2-1 славеше против Кадино. Шериф Реџепи беше двоен стрелец за охриѓани пред крајот на првото полувреме, а Марко Андоновски во 83.минута го постигна почесниот погодок за Кадино.
Дрита славеше на гости против Кораби со 2-3, а утре ќе играат Тетекс и Вардар Форино.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal