
Македонскиот прволигаш Пелистер објави соопштение по повод претстојното дерби од второто коло против Вардар, што ќе се одигра в недела од 20 часот на Националната арена „Тодор Проески“. Од битолскиот клуб велат дека лош потег е што е делегиран судија од Скопје.
„ФК Пелистер целосно го одобрува начинот на кој најголемото македонско фудбалско дерби е претствено – со вечерен натпревар, две навивачки групи на нашиот најголем стадион и убедени сме дека со помош на свесноста на двата клуба, дербито ќе биде во фудбалски амбиент и без инциденти.
Исто така сакаме да ја апострофираме нашата целосна доверба во структурите и професионалците во Судиската комисија при ФФМ, но изненадени сме од делегирањето на скопски судија за натпреварот од второто коло на Првата фудбалска лига меѓу Вардар и Пелистер. Ретко, скоро никогаш, тоа било случај и се прави лош исклучок кој не им помага на клубовите, а ни на судијата Игор Стојчевски и неговите помошници. Сметаме дека постоеше широк избор на судии кои не доаѓаат од Скопје или Битола, а можеа да бидат делегирани за овој натпревар. Ниту на одличниот судија Стојчевски не му се прави услуга, туку му се наметнува директен притисок пред најголемиот натпревар во мак-фудбалот.
Веруваме дека треба дополнително да се размисли при вакви делегирања, за професионалците да не се стават во незгодна ситуација и под огромен притисок и да не се остави простор за сомнеж кај јавноста и навивачите.
Нека биде дерби за пример на мак-фудбалот“, велат од ФК Пелистер.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкендија и Арсими ремизираа без голови

Евро-фудбал
Конте: Видов победнички дух во тимот
