Connect with us

Бесарт Ибраими се врати во Шкендија

Најдобриот стрелец во историјата на македонското првенство, Бесарт Ибраими, повторно е член на Шкендија. Тој по три години се враќа во Тетово каде најверојатно ќе стави и крај на кариерата.

Ибраими вчера спогодбено го раскина договорот со Струга Трим Лум, откако со актуелниот шампион освои две титули.

Ибраими беше дел од Струга Трим Лум од 2022 година. 37-годишниот напаѓач претходно играше за Ксанти од Грција, Ермис и Енозис од Кипар, Таврија, Металург Запорожје, Севастопол од Украина, германски Шалке 04, а во Македонија беше дел и од Шкендија, Ренова, Напредок и Велазерими.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови