Connect with us

Миовски ќе биде нов напаѓач на Џирона!

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски прави трансфер во Џирона, сензацијата во Ла Лига од минатата сезона и годинашен учесник во Лигата на шампионите. Како што најавува „Мундо Депортиво“, Џирона го одбрала Миовски како замена за Артем Довбик, најдобриот стрелец во шпанското првенство минатата сезона, кој направи трансфер во Рома.

Џирона наводно веќе ги договорила и условите со Абердин и тој брзо треба да го комплетира трансферот во Шпанија. Неофицијално, Џирона ќе плати околу 7 милиони евра за услугите на македонскиот репрезентативец,

За Бојан Миовски се инстересираа и најголемите шкотски клубови Селтик и Ренџерс, како и Селта од Шпанија, но италијанскиот калчолигаш Болоња.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови