Connect with us

Вест Хем го објави трансферот на Никлас Фулкруг: Доаѓам во најдоброто првенство во светот

Англискиот премиерлигаш Вест Хем официјално го објави доведувањето на германскиот репрезентативец Никлас Фулкруг од Борусија Дортмунд. 31-годишниот напаѓач пристигнува за фиксна трансферна сума од 27 милиони евра, плус уште 3 милиони евра можни бонуси, и потпиша договор со „чеканите“ на четири години.

„Среќен сум што сум тука и немам трпение да излезам на теренот со моите нови соиграчи. Сметам дека Премиер – лигата е најдоброто првенство во светот, и за мене е вистинскиот момент да дојдам во Англија и да играм за голем клуб како Вест Хем. Веќе долго време размислував за Вест Хем – го познавам многу добро техничкиот директор Тим Штајден, бидејќи имаме заедничка историја во Вердер Бремен, гледав неколку натпревари и видов колку квалитет има во тимот“, изјави Фулкруг.

Минатата сезона Фулкруг постигна 16 гола и забележа 10 асистенции во 46 натпревари за Борусија Дортмунд. На ЕВРО 2024, тој се запиша меѓу стрелците против Шкотска и Швајцарија.

Вест Хем продолжува да биде многу активен на трансфер пазарот и се очекува утре да го објави и аргентинскиот играч од средниот ред Гвидо Родригез, кој доаѓа со слободен трансфер. „Чеканите“ се насочени и кон десниот бек на Манчестер Јунајтед Арон Ван-Бисака, а летово веќе ги доведоа дефанзивецот на Вулверхемптон, Макс Килман, крилото на Палмеирас, Луис Гилерме и Кришенсио Самервил од Лидс.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови