
Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, внимателно ја следи ситуацијата со напаѓачот на Манчестер Сити, Хулијан Алварез. Неодамна, Аргентинецот призна дека ќе размисли за својата иднина по завршувањето на фудбалскиот турнир на Олимписките игри, бидејќи не е задоволен од својот статус во Сити.
Стратегот на „граѓаните“, Пеп Гвардиола, изјави дека сака Алварез да остане во тимот, но исто така секогаш нагласувал дека нема да му стои на патот на фудбалер кој не е среќен и сака да замине. Токму таква е ситуацијата сега, и ако Алварез јасно изјави дека сака да си оди, Манчестер Сити ќе го продаде.
Се разбира, заинтересираните клубови ќе треба да потрошат значителна сума, бидејќи според англиските медиуми, Манчестер Сити ќе бара околу 80 милиони фунти за него.
Пари Сен Жермен, Атлетико Мадрид и Челси имаат сериозен интерес, но медиумите на Островот тврдат дека и Арсенал ќе се вклучи во трката. „Топчиите“ сакаат да доведат нов напаѓач до крајот на летниот трансфер период, а во претходните сезони Микел Артета веќе доведе двајца играчи од Манчестер Сити, Олександер Зинченко и Габриел Жесус.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Модриќ е херојот на Милан (ВИДЕО)

Евро-фудбал
ПСЖ на крилата на Баркола го среди Ленс (ВИДЕО)
