Холандскиот репрезентативец Чави Симонс ќе продолжи да игра за Лајпциг и во новата сезона, соопшти клубот. Офанзивниот играч за врска повторно ќе биде позајмен од ПСЖ, а договорот меѓу двата клуба е на една година.
Симонс беше силно посакуван и од Баерн Минхен, но одлучи да остане во редовите на „биковите“. Во новата сезона повторно ќе му биде соиграч на Елиф Елмас.
Претходната сезона, Холанѓанецот постигна 15 гола и забележа 10 асистенции.
Во новиот договор со Лајпциг нема да има клаузула за комплетен откуп.
Xavi will stay at RB Leipzig! #RBL loans the offensive player @xavisimons from @PSG_inside for one more year. pic.twitter.com/oyHJWBiGUg
— RB Leipzig English (@RBLeipzig_EN) August 5, 2024
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski