
Галатасарај не успеа со својата понуда за играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Скот Мектоминеј, но турскиот гигант повторно гледа кон Премиер – лигата на Англија за нов играч. Раководството на турскиот првак веќе го насочило вниманието кон подзаборавениот Калвин Филипс од Манчестер Сити.
„Граѓаните“ сакаат да најдат нов клуб за 28-годишниот играч од средниот ред, кој не успеа да се етаблира на „Итихад“ по трансферот од Лидс Јунајтед пред две години. Во втората половина од минатата сезона, тој играше како позајмен во Вест Хем, каде исто така не успеа да се наметне.
Според информациите, Евертон исто така има интерес за Калвин Филипс, но самиот фудбалер е подготвен да ја оживее кариерата во странство. Италијанската Рома, германскиот Лајпциг и австрискиот Салцбург исто така се поврзуваат со трансфер на Филипс.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Модриќ е херојот на Милан (ВИДЕО)

Евро-фудбал
ПСЖ на крилата на Баркола го среди Ленс (ВИДЕО)
