Летното засилување на Интер, Мехди Тареми, ќе отсуствува од терените неколку недели. Тој има мускулна повреда, добиена на тренинг. Напаѓачот пристигна од Порто како слободен агент и импресионираше во претсезонските подготовки, постигнувајќи пет гола во три натпревари.
Тареми ја пропушти вчерашната тренинг сесија на тимот. „Нероаѕурите“ објавија дека по направените тестови се дознало дека тој има мускулен проблем на бицепсот на левата нога. Тој нема да биде на располагање на Симоне Инзаги барем две недели.
Во овој период, Инзаги ќе мора да испроба други опции во нападот, бидејќи неговиот главен напаѓач Лаутаро Мартинез сè уште не започнал со подготовките.
Аргентинецот е на одмор по освојувањето на Копа Америка, каде што стана најдобар стрелец и беше прогласен за МВП играч на турнирот.
Следниот контролен натпревар на Интер е во петок против Пиза, каде што Инзаги ќе се соочи со неговиот брат Филипо.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Даниеле де Роси ќе биде нов тренер на Џенова













