Рома е следниот клуб кој очекува да добие пари од претстојниот трансфер на Рикардо Калафиори од Болоња во Арсенал, пишува „Газета дело спорт”. Како што е познато, Топчиите” имаат договор со Болоња во вкупна вредност од 45 милиони евра.
Половината од оваа сума треба да оди во поранешниот клуб на 22-годишниот дефанзивец, а тоа е Базел. Но, Болоња сака да одвои за швајцарскиот клуб помалку од 50% од трансферната сума, како што е предвидено во договорот меѓу нив, поради што трансферот на италијанскиот репрезентативец во Арсенал се одложува.
Додека траат преговорите меѓу Болоња и Базел, во Рома исто така изразија финансиски барања. Токму оттаму Калафиори премина во швајцарскиот тим во 2022 година, кога „волчицата“ доби 2,5 милиони евра и задржа 40% од трансферните права на дефанзивецот.
Минатата година римскиот клуб доби уште околу 1,5 милиони евра од договорот меѓу Базел и Болоња за фудбалерот, кој беше продаден за 4 милиони евра. Сега, во Рома тврдат дека треба да добијат 40% и од делот на Швајцарците од предвидениот трансфер на Калафиори во Арсенал, односно 8 милиони евра.
Од друга страна, позицијата на Базел е дека во овој случај не должат никакви пари на римскиот клуб. Затоа адвокатите на двата клуба повторно го разгледуваат договорот меѓу нив за дојде до комплетно разјаснување на ситуацијата.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Интернационалци
Уште една неуспешна тренерска епизода за Игор Ангеловски
Интернационалци
Уште една неуспешна тренерска епизода за Игор Ангеловски
Млади репрезентации
Македонија У15 ја победи Турција













