
Македонскиот репреентативен голман Дамјан Шишковски беше херојот на Борац Бања Лука во пенал-серијата против Егнатија (4-1), откако во третата серија успеа да одбрани клучен пенал.
Шишковски двапати го бранеше пеналот, со оглед дека првиот успешен обид не беше признат затоа што предвреме ја напуштил гол-линијата. Сепак, Шишковски и во вториот обид ја повтори брилијантната одбрана на ударот од белата точка на Реги Лушкја.
Егнатија во регуларниот тек победи со 2-1, анулирајќи ја предноста од еден гол на Борац, па мечот отиде во продолженија, а потоа и на пенали.
Босанскиот клуб, кој од клупата го предводи Младен Жижовиќ, поранешниот тренер на Шкупи, во второто квалификациско коло од елитното натпреварување ќе се соочи со ПАОК.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја прослави титулата, ама Силекс ја однесе победата. Марко Ѓорѓиевски со два гола...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
„Бомба“ од Мадрид: Реал го купува Нико Вилијамс!
