
Македонскиот репрезентативец Давид Бабунски е нов фудбалер на Данди Јунајтед. Тој доаѓа од Мезоковешд и потпиша едногодишен договор, со можност за продолжување на уште една година.
„Длабоко сум благодарен за довербата што клубот ја има во мене. Трпеливо чекав ова да се финализира, и одложував одговор на други понуди во процесот затоа што со нетрпение очекував ваква можност. Доаѓањето во земја каде што фудбалската култура е огромна и стандардот на лигата е висок се дел од работите кои ме привлекоа, и веќе можам да ја почувствувам големината на клубот. Ќе биде голем предизвик за мене – очекувањата за оваа сезона се високи, како што и треба да бидат, и треба да веруваме дека можеме да направиме нешто посебно“, изјави Давид Бабунски за официјалниот сајт на Данди Јунајтед.
Тој ќе ја носи „десетката“ во новиот тим и му се придружува на Кристијан Трапановски.

Иако роден во Скопје, играчот од средниот ред ја започна својата фудбалска кариера во Каталонија, во најпрестижната академија на светот – Ла Масија на ФК Барселона.
Децениската релација со Ла Блауграна заврши во јануари 2016 година, кога пристигна во српскиот гигант Црвена Звезда. Краткиот престој во Србија му го донесе првото освојување на трофеј во неговата кариера – дел од тимот што ја донесе 27. титула на стадионот „Рајко Митиќ“.
По неговото заминување од Црвена Звезда, тој имаше можност да работи под водство на идниот тренер на Селтик и Тотенхем, Анге Постекоглу, за време на интересен период во Јапонија со Јокохама Ф. Маринос и подоцна со Омија Ардија, пред да се врати во Источна Европа и за кратко да ја продолжи својата кариера во Романија.
По пандемијата на Ковид-19, тој се пресели во Унгарија каде блескаше за Дебрецен заедно со својот брат Доријан, имајќи 24 настапи во текот на сезоната 2021/22.
Одличната година со Дебрецин му донесе бројни понуди, една од нив беше од ривалот Мезоковешд, каде што 30-годишниот играч настапи 47 пати во текот на две сезони пред да го добие повикот од Данди Јунајтед ова лето.
„Педигрето на Давид е неспорно, имајќи фудбалска едукација која нема конкуренција во Барселона”, вели менаџерот на Данди Јунајтед, Џим Гудвин.
„Неговата кариера потоа покажа и флексибилност да се прилагоди на различни култури, на и надвор од теренот, и неговиот квалитет да остане на врвот. Тој е играч кој го следевме подолг временски период, така што да го воведеме во тренинг групата беше исклучително задоволство. За време на сесијата, тој ги потврди причините зошто веднаш го донесовме во клубот, покажувајќи огромно техничко знаење и желба да импресионира. Среќен сум што е дел од тимот и со нетрпение очекувам неговото позитивно влијание врз целиот состав.“

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Станиќ: Примивме “италијански” агол, го намачивме фаворитот во групата

Млади репрезентации
Италија и со играч помалку славеше против Македонија во Битола

Евро-фудбал
Анге Постекоглу е нов менаџер на Нотингем Форест

Млади репрезентации
Спектакл во Битола: Младите фудбалери на мегдан со Италија

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски го напушта Клуж и се сели во Херманштат

Втора лига
Втора МФЛ: Брегалница го декласира Тетекс
