
Освојувачот на Купот, тимот на Тиквеш, направи фантастичен пресврт во второто полувреме, после негатива од 0-2, и на крајот стигна до историски триумф (3-2) на европската сцена. Тимот на Ѓорѓи Мојсов покажа карактер, не се предаде и тоа донесе голема победа, но и надеж дека може да се елиминира исландскиот претставник.
Стојкоски и Ѓоргиев имаа одлични шанси на почетокот и не ги реализираа, а тоа го казни Брејдаблик со головите на Еинарсон во 13.минута и на Кристинсон во 31.минута. На полувреме Исланѓаните заминаа со два гола предност.
Но, Тиквеш се врати многу посилен во вториот дел. Кристијан Стојкоски намали на 1-2 во 74.минута, а Мартин Стојанов шест минути подоцна постигна фантастичен гол од слободен удар.

Бразилецот Лео Гуера Де Соуза во 83.минута се погрижи и за комплетен пресврт и победа на Тиквеш на домашен терен во првиот меч од воведното квалификациско коло во Конференциската лига на УЕФА. Реваншот е за седум дена на Исланд.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal
