
Македонскиот првак Струга Трим Лум загуби со 4-2 од Слован Братислава во првиот меч од воведното квалификациско коло во Лигата на шампионите. Стружани можат да жалат затоа што на пет минути пред крајот имаа одличен резултат 2-2, но две грешки и невнимание во одбраната придонесоа Јурај Куцка да постигне два гола за триумф.
Двоен стрелец за Струга ТЛ беше Бесарт Ибраими.
Тренерот Ќатип Османи смета дека Струга ТЛ може да одигра уште подобро и да ја надомести негативата на реваншот во Охрид.
„Што се однесува до играта, мислам дека во првото полувреме одлучувачки беа моментите на невнимание во нашата одбрана, кога примивме два гола. Во второто полувреме многу брзо се вративме и мислам дека ја водевме играта на соодветно ниво. На крајот од натпреварот, во 85. минута, примивме трет гол, повторно по индивидуална грешка, а потоа истото се повтори, можеби падна и концентрацијата во тие моменти, што се случува на крајот од натпреварите. Сепак, ние сме оптимисти, мислам дека резултатот 4-2 не е недостижен и ќе направиме сè за да го надоместиме овој резултат“, изјави Ќатип Османи.
„Иако имаме многу силен и квалитетен противник пред нас, кој има и многу квалитетни индивидуални играчи, кои знаат како да го свртат натпреварот во нивна корист, јас реков и порано, ние ќе направиме сè за да ја анулираме предноста на Слован Братислава, бидејќи и ние како екипа покажавме дека имаме сила и квалитет, што ни дава надеж за позитивен резултат“, истакна тренерот на Струга ТЛ.
Реванш натпреварот меѓу Струга Трим Лум и Слован Братислава е закажан за 17 јули на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид, со почеток во 17 часот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија У19 подобра од БиХ на првиот тест

Евро-фудбал
Велс го победи Казахстан и го презеде врвот

Млади репрезентации
Започнува продажбата на билети за мечот Македонија – Италија (У21) во Битола

Млади репрезентации
Дашмир Елези: Одиме меч по меч, Македонија може многу во овие квалификации

Интернационалци
Бојан Димоски потпиша за ТСЦ
