Connect with us

Струга ТЛ има негатива од 2-0 против Слован по првото полувреме

Македонскиот првак Струга Трим Лум има негатива од 2-0 по првото полувреме од дуелот против Слован Братислава во првото коло од квалификациите за Лигата на шампионите. Како премногу да се импресионирани фудбалерите на Ќатип Османи од противникот, постигнаа два гола, но не беа признати поради офсајд ситуации, а од друга страна и Слован Братислава двапати ја тресеше мрежата на нашиот тим.

Владимир Бајс јуниор во 16.минута донесе водство за тимот на Слован Братислава. Тој излезе сам пред Дујмовиќ и пласираше во мрежата.

Во 36.минута, Роберт Мак постигна убав гол од далечина и ја удвои предноста на Слован Братислава.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови