Connect with us

Манчестер Јунајтед со два одлични трансфери: Де Лихт и Угарте доаѓаат на „Олд Трафорд“

Манчестер Јунајтед договори два одлични трансфери. Нови фудбалери на „црвените ѓаволи“ ќе станат Матијс де Лихт и Мануел Угарте.

Манчестер Јунајтед влегува во новата сезона на Премиер – лигата со големи планови. Ерик тен Хаг сака да го врати тимот на врвот на Премиер – лигата, но многумина не се убедени дека може да го направи тоа.

Холандскиот стратег ќе има на располагање и неколку нови имиња. Познати ликови од светот на фудбалот, со оглед дека раководството заврши две одлични засилувања.

Нови членови на Јунајтед во наредните денови ќе станат холандскиот дефанзивец Матијс де Лихт и уругвајскиот играч за врска Мануел Угарте. Договорите за трансферите се постигнати.

Матијс де Лихт изненадувачки беше отпишан во редовите на Баерн Минхен. Навивачите не можеа да поверуваат дека новиот тренер Винсан Компани соопшти дека Холанѓанецот може да бара нов клуб и дури почнаа да потпишуваат петиција за 24-годишниот дефанзивец да остане по секоја цена.

Сепак, од тоа нема ништо. Де Лихт беше ставен на трансфер листата, што го искористи Манчестер Јунајтед, па набрзо ќе биде финализиран преминот на одличниот стопер од Минхен во Манчестер.

Трансферот ќе ги чини „црвените ѓаволи“ околу 50 милиони евра, што е навистина добра цена со оглед на тоа дека Де Лихт се смета за еден од најдобрите дефанзивци во светот.

Патот кон Манчестер ќе го продолжи и 23-годишниот уругвајски играч за врска Мануел Угарте. ПСЖ се согласи да го продаде овој фудбалер.

Угарте веќе ги договори личните услови со Јунајтед, останува само финализирање на договорот и наскоро овој трансфер ќе стане официјален.

Уругваецот го напушта ПСЖ по само една година. Францускиот клуб го плати дури 60 милиони евра на тимот на Спортинг од Лисабон, а претходно играше за Фамаликао и Феникс.

Трансферите на Де Лихт и Угарте не се единствените што Манчестер Јунајтед планира да ги заврши до крајот на овој месец.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови