Шпанија се пласираше во финалето на Европското првенство со победа над Франција од 2:1, а по натпреварот се случи навистина бизарна повреда на Алваро Мората, кој беше повреден од претставник на обезбедувањето.
Капитенот на шпанската репрезентација, Алваро Мората, доживеа повреда на коленото за време на прославата на победата над Франција (2:1) и пласманот во финалето на Европското првенство.
Мората славеше со соиграчите покрај голот кога еден навивач се обиде да дојде до шпанските фудбалери за да направи селфи.
This can’t keep happening. It’s a disgrace, UEFA need to control it so much better. Somebody will get seriously hurt. 🤦♂️ #Euro2024 #Morata pic.twitter.com/Dp5KgEvq5h
— Ned Ozkasim (@nedoz9) July 9, 2024
Тука на сцена стапи претставникот на обезбедувањето на шпанската селекција. Почна да го запира навивачот и потоа се случи навистина бизарна сцена. Се лизна и удри во нозете на Алваро Мората. Сето ова наликуваше на лизгачки старт.
Искусниот напаѓач веднаш се фати за коленото. Веднаш почна да шепоти и се оддалечи од местото каде што се случи сѐ.
Претставникот на обезбедувањето се обиде да му се извини. Мората не се грижеше премногу, но сигурно дека не му беше лесно да го поднесе ваквиот удар.
A member of Spain’s security team wipes out Alvaro Morata and he limps off the field 🤕
— Optus Sport (@OptusSport) July 9, 2024
Imagine if he misses the final because of it.#EURO2024 #OptusSport pic.twitter.com/TUJokWnSDz
Фотографиите и снимките покажуваат дека се работеше за исклучително жесток старт. Секако, немаше никаква намера да се повреди шпанскиот напаѓач, особено не од страна на човекот кој е задолжен за нивната безбедност.
Ситуацијата со Мората не изгледа добро. Од теренот беше изнесен во болки со помош на соиграчите и човекот кој го повреди. Шпанските фанови се надеваат дека со капитенот сѐ ќе биде в ред и дека ќе ја предводи „црвената фурија“ во неделното финале.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski