
Германците не можат да се помират дека се елиминирани во четвртфиналето на Европското првенство кое го организираат во нивната земја. Шпанија по продолженија го совлада Бундес-тимот со 2-1, но остана контроверзната ситуација која се случи во 106. минута, кога Марк Кукуреља во својот шеснаесетник со рака го блокира ударот на Џамал Мусијала.
Токму затоа околу 350.000 луѓе во Германија потпишаа петиција за повторување на натпреварот со Шпанија.
Незадоволните германски навивачи бараат повторување на натпреварот бидејќи сметаат дека на нивниот тим му е направена голема неправда.
Англискиот судија Ентони Тејлор не досуди пенал, а немаше повик ниту од ВАР-собата.
УЕФА смета дека судијата Ентони Тејлор донел исправна одлука кога не досудил пенал за Германија. Роберто Росети, шефот на судиите на УЕФА, изјави дека раката на Марк Кукуреља не била во неприродна положба.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Валенсија го стави Столе Димитриевски на трансфер-листа

Евро-фудбал
Ферлан Менди ќе паузира до октомври

Евро-фудбал
Јувентус ја наполни мрежата на Ал-Аин (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Барселона се пофали со голманот Жоан Гарсија

Евро-фудбал
Барселона се пофали со голманот Жоан Гарсија
