
Ветеранот Тони Крос го одигра својот последен натпревар за Германија во кариерата во четвртфиналето на ЕП 2024 против Шпанија. Сепак, неговиот тим загуби со 1-2 по продолженијата и го заврши учеството на турнирот.
Иако ова ќе биде крај за Крос, тој верува дека тимот ќе продолжи по својот пат и допрва треба да открие за што е способен.
„Тоа беше натпревар во кој дадовме сѐ за да не загубиме. Бевме многу блиску, што ја прави горчината уште посилна. Нашиот сон беше урнат брутално. Можеби во наредните денови подобро ќе сфатиме дека одигравме добар турнир. Можеме да бидеме горди, многу се подобривме во однос на минатиот турнир, убеден сум дека овој тим ќе продолжи по својот пат“, изјави Тони Крос.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал е на прагот на историски рекорд во ЛШ
