Рекордерот по број на натпревари во репрезентацијата на Белгија, Јан Вертонген стави крај на настапите во националниот дрес.
„После 157 репрезентативни мечеви и 10 гола за Белгија, време е да ви се заблагодарам за сите спомени. Се надевам дека не ве разочарав“, напиша дефанзивецот на своите профили на социјалните мрежи.
Тој го имаше своето деби во 2007 година, играше на три мундијали – во 2014, 2018 и во 2022 година. Покрај тоа, Вертонген ја предводеше репрезентацијата на својата земја до три европски првенства – во 2016, 2020 и во 2024 година.
Вертонген си постигна автогол на пет минути до крајот на осминафиналниот меч со Франција, што на крајот донесе до пораз од 1-0 и елиминација. Тоа е и последниот настап за Вертонген во националниот дрес на Белгија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













