Connect with us

Интер ќе му го „украде“ договореното засилување на Наполи?

Антонио Конте е во Наполи од ова лето и се обидува да го состави најдобриот можен тим во преодниот рок за да го нападне самиот врв на Серија А.

Нема да му биде лесно бидејќи е потребна реконструкција во сите сегменти на тимот, а во Неапол тргнаа од одбраната.

Тие беа насочени кон играчот на Торино, Алесандро Бонџорно, кој се смета за идеален кандидат за одбрана со тројца дефанзивци што ја наметнува Конте.

Се чинеше дека зделката е завршена, но во последен момент во трката се вклучи Интер и испрати понуда. Бонџорно престана да мисли на Неапол и моментно разговара со својот менаџер дали да ја прифати понудата на Интер.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови