Јувентус го комплетираше трансферот на бразилскиот репрезентативец Даглас Луиз, а во средниот ред доаѓа и Хeфрен Турам, но преодниот рок за „старата дама“ не завршува тука.
Уште еден играч од средниот ред му е потребен на Јувентус, а тоа треба да биде Тун Копмајнерс.
Холандскиот репрезентативец зад себе има феноменална сезона во дресот на Аталанта, а клубот од Бергамо одреди цена од 60 милиони евра.
Копмајнерс, пак, се договори со Јувентус за плата од 4,5 милиони евра по сезона, плус бонуси во зависност од индивидуалниот и тимскиот учинок.
Останува сега да се договорат Аталанта и Јувентус, дури има опција да се понуди некој од играчите кои се на продажба за да се намали отштетата, но Копмајнерс дефинитивно ќе пристигне во Торино.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













