Германскиот репрезентативец Џошуа Кимих не потпиша продолжување на договорот со Баерн Минхен и многу веројатно е дека уште летово ќе го напушти клубот.
Иако го посакуваат неколку големи клубови во Европа, меѓу кои Реал Мадрид и Барселона, тој сака да се приклучи на само еден тим, а тоа е Манчестер Сити, пишува „Билд“.
Шампионот на Англија го сакаше Кимих и минатата зима, но челниците на клубот од „Итихад“ решија да почекаат до крајот на сезоната за да ги отворат преговорите со Баерн Минхен.
Германците во зимскиот преоден рок побараа околу 60 милиони евра за Кимих, што беше сепак премногу.
Од друга страна, Манчестер Сити сакаше да плати само половина и тие се уверени дека можат да го направат тоа ова лето.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













