
Аргентина е полуфиналист на Копа Америка, но мораше да се намачи за да стигне меѓу четирите најдобри изведувајќи пенали против Еквадор, откако во регуларниот тек мечот заврши 1-1. Лаутаро Мартинез во 35.минута донесе водство за „гаучосите“, а Енер Валенсија во 62.минута не искористи пенал за Еквадор. Сепак, израмни Кевин Родригез во 92.минута од мечот.
При изведувањето пенали, Лео Меси не беше прецизен за Аргентина обидувајќи се со „паненка“, но потоа двајца Еквадорци не погодија, Анхел Менда и Алан Минда, па актуелниот светски првак славеше со 4-3. Емилијано Мартинез повторно беше херојот на Аргентинците, успеа да одбрани два пенали.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал е на прагот на историски рекорд во ЛШ
